Прво се мијат сливите, им се отстрануваат семките и се сечат на помали парчиња во една поголема тава. Врз нив се става насекаде шеќерот, ванилите, оцетот и румот.

Сливите се ставаат во рерна и се печат на 180 степени. Одвреме на време се промешува и се враќа во рерната. Јас го печев 2 и пол часа, но сепак тоа време зависи од зрелоста на сливите и колку течност ќе пуштат во тек на печењето.
Десетина минути пред крај се додава 1 лажица цимет.
Топлиот џем го собираме во стерилни, суви и топли тегли. Теглите ги замотуваме во чаршав и ги оставаме да оладат до утредента.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови