Многу лесен и брз џем. Најважно вкусен и без конзерванси, желатини, џемфиксови и сл додатоци.

Малините ставете ги во цедалка со крупни дупчиња и искплакнете ги со вода. Доколку немате цедалка, ставете ги во тенџере со многу вода, да постојат некоја минута, па потоа истурете ја водата.

Во садот во кој што ќе го подготвувате џемот ставете ги сите состојки ставете го на оган. Штом зоврие, намалете ја јачината. Кај нас од 6 на 4.
Не мора да мешате, но знам дека нема да издржите да не замешате барем еднаш два пати :D
При самото варење малините ќе се распаднат, нема потреба од бландер или пасирање.
Ќе го варите додека не почне да згуснува. Ќе проверувате на чинија. Со лажиче земете од џемот, сипете го на чинијата и оставете да се олади некоја минута. Навалете ја чинијата. Доколку тече, не е готово. Готово е кога ќе биде доволно густо да не тече.

Врелиот џем соберете го во мали теглички, затворете ги убаво капачињата и оставете ги во рерната од шпоретот да се ладат полека барем 12 часа.
Капачињата треба да се повлечени надоле (вдлабнати). Доколку има некое капаче што не е убаво вакумирано, ставете го во фрижидер и користете го веднаш. Останатите теглички, може за се наредат по полиците во подрум.

Да се дообјасниме:
Варијацијата со шеќерот е бидејки не се сите малини исто благи. Почнете со 800гр. и пробувајте го џемот дали ви се допаѓа на вкус. Пробувајте го убаво оладен, така најдобро ќе ја почувствувате блажината на џемот.
Доколку не ви е благо, додадете шеќер и промешајте убаво да се растопи.
Не се плашете да додадете сол. Го интензивира вкусот, но не дава солекаст вкус на џемот. Доколку се плашите да не испадне џемот солен, додавајте го малку по малку, па одлучете колку ќе додадете по вкус.

Уживајте :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани