Потребни се две длабоки чинивчиња дупло поголеми од оние за апетисани кои ќе се обложат со стреч фолија.

Џамбо ролатот на Винчини се сечи на тенки парчиња и чиниите се обложуваат со него.

Се мати слатката павлака, па се додава маскарпонето и киселото млеко, а исто така и шеќерите. *Доколку сакате поблаго можи да додадете и малку шеќер во прав, но не ви препорачувам бидејќи во склоп на јадењето ролатот е доволно благ и според мене вака си е таман.
Бананата се сечка на тенки парчиња.

Во чиниите обложени со џамбо ролатот најпрво се става од кремот, па се става малку гранола, од сечканите банани и врз нив пак малку гранола, па повторно од кремот и убаво се израмнува.
Одозгора се затвора со 2 парчиња од ролатот, се покрива со вишокот фолија и убаво се израмнува газерот.

Се оставаат во фрижидер барем еден час да се стегнат, па се вадат од чиниите и им се вади стреч фолијата.

Чоколадото се топи со маслото и малку слатка павлака и со него се преливаат тортиците одозгора.
Откако ќе се здрви се украсува со шлаг пена најгоре и неколку цреши.

Една тортичка е доволна за двајца, а за благоманите за еден : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови