Сварете ги посебно просото и хељдата.
Оставете ги убаво да се оладат.

Во сад ставете ги сварените просо, хељда и ренданиот компир.
Додајте го кромидот изрендан на ситната страна од рендето.
Ставете 1 лажичка сенф, посолете и наросете црн бибер.
Измешајте убаво да се соединат состојките.

Со раце земајте од смесата и формирајте ќофтиња.
Редете ги во плех обложен со хартија.
Попрскајте ги со маслиново масло и печете на 200 степени 15-20 минути.

Послужете ги топли со свежа салата.

Забелешка- филџанот е од 70мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани