Наутот го ставам да отстои во вода 3-4 часа. Потоа се вари заедно со везените пиперки. Пиперките малку само поткршете ги при варење. Се варат околу 30 мин.
Лукот се толчи со еден прстофат сол.
Везените пиперки се лупат најдобро со лажица. Се толчат, а потоа и омекнатиот наут се додава и неколку капки масло и убаво ја толчите смесата. Може и да се блендира оваа содржина.
Во поголем сад се става смесата, се додадете 1 јајце, 2 лажици брашно, суво нане, сол, мешан зачин.
Во врело загреано масло со лажица се става од смесата и се пржат ќофтињата.
Заруменети ги ставам на салфетки да впијат од маслото.
Си сервирав со урда и маслинки и домашно лепче.
На здравје ручек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови