Прво на маслинов зејтин запржуваме 2 главици кромид и 6 чешниња лук. Оставаме да оладат. 3 парчиња двопек ги полеваме со 100 милилитри млеко и чекаме да омекнат.
Во еден сад го ставаме месото, запржениот кромид и лук, двопекот, јајцето и зачините. Од оваа смеса формираме 20 ќофтиња и ги редиме на плех на пек-хартија. Ќофтињата ги печиме на 200 степени околу 25 минути. Кога се готови ги редиме во повисоко тавче.
На страна на оган доматното пире го мешаме со вода за да добие густина на јогурт. Му го додаваме шеќерот, солта, маслиновиот зејтин и сечениот магдонос. Кога ќе зоврие ги прелеваме ќофтињата и ги ставаме во рерна уште 10 минути.
Ќофтињата можат и да се пржат, но на овој начин не употребувате толку зејтин и заштедувате време.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови