Кромидот издрендајте го на ренде, а лебот натопете го во малку вода и раздробете го на ситно.
Во подлабок сад сите состојки за ќофтето убаво измесете ги и оставете ги во фрижидер барем половина час.

Од смесата направете мали ќофтиња. Можи да ги набрашните рацете за да не се лепат. Во средината ставете парче кашкавал и убаво покријте го со месната смеса.

Во тава со малаку масло запржете ги ќофтињата од сите страни, па извадете ги на страна за да го приготвите сосот во истата.

Во мрснотијата во тавата ставете го брашното да запржи, додадете го пиперот и налејте го доматниот сос и водата. Зачинете и посолете по желба. Репер можи да ви бидат и зачините кои сте ги употребиле во ќофтето. Кој сака, можи да додаде и лук во прав.

Во приготвениот сос вратете ги ќофтињата, покријте со капак и оставете да крчка на умерена температура додека добиете густина на посакуваниот сос, кој не треба да е премногу густ секако.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови