Подготовка на ќофтето
Во длабок сад се ставаат месото, јајцето, исецканиот кромид, лукот, презлата, мешаниот сув зачин, маслото, сол, бибер и околу една лажица црвен пипер. Се меша со рака за убаво да се соедина сите состојки.
Добиената смеса се става во фрижидер да остои 30мин. Откако смесата ќе отстои од неа се зема со рака и се оформуваат ќофтината. Ќофтината не се пржат туку живи се ставаат во сосот.

Подготовка на сосот
Брашното прво се потпржува со 0,5л масло. Потоа му се додава сокот од домати, убаво се промешува и постепено се додава од водата. На крај се додаваат шеќерот и солта. Се остава да зоврие и потоа му се додаваат ќофтината едно по едно и на тивко се остава да врие 40мин.
Се служи во прилог со пире.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови