Овие љубовни колачи може да си ги подготвите и со повод и без повод, бидејќи се прекрасни, вкусни и најбитно љубовни!
Лесни за подготовка, потребни ви се само калапчиња, со чија помош полесно ќе ги направите. Ако немате, употребете шема нацртана на хартија и полека со остар нож исечете форми.

Подготовка на тесто
Путерот и шеќерот пенасто ги матиме. Додаваме оцет, вода и рум и кратко промешуваме. Додаваме брашно и сода. Препорачливо е да се користи меко брашно, бидејќи треба да се добие бисквитно меко тесто. Убаво се меси, гледајте што помалце да месите со рака и тестото да остане ладно, да не се стопи путерот низ раце, бидејќи така ќе омекне многу тестото и ќе почне да се лепи. Препорачливо за овие теста е да се користи миксер и да се избегне месењето со раце. Се става во фрижидер 1 час да одмори и да се олади.
На набрашнета маса развлекуваме тесто, кое треба да биде потенко, бидејќи ќе се преклопува. Се сечат форми како цветови. Едната форма во средина се сече во форма на срце. Таа се става одозгора. Се стискаат двете корички и во средина се исполнува со џем од сливи (малини, капини - црвен џем).
Се редат во тава и се печат на 170 степени, околу 15-20 мин.

Убавото кај овие љубовни колачи е нивниот изглед, посебно добриот вкус и верувајте секого пријатно ќе изненадите со вакви колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови