1. Прво го матиме маргаринот со шеќерите.
2. Додека матиме, едно по едно ги додаваме јајцата.
3. Брашното, пецивото и густинот ги вмешуваме во една смеса.
4. Кога смесата од јајца и маргарин ќе се изедначи, го додаваме млекото и пола од смесата од брашно.
5. Проматуваме.
6. Во пола од смесата од брашно ги вмешуваме циметот, урмите, сувото грозје и брусницата.
7. Сувото грозје и брусницата треба претходно да отстојат во вода за да набабрат убаво. Јас ги чував повеќе од еден ден, а инаку може и до 5 часа.
8. По ваш вкус во водата може да додадете ванила, цимет, рум или ирски ликер бејлис како што направив јас.
9. Се тоа го додаваме во претходната смеса. Пак проматуваме со миксер.
10. На крај ја додаваме и кората од портокал, изрендана.
11. Мешаме убаво, па смесата ја префрламе во намрсена тава за печење бр. 28 и печеме околу 30 минути на 180 степени, или додека колачот убаво да порумени.
12. Сега ја спремаме глазурата. Во млекото кое сме го ставиле да зоврие го ставаме чоколадото за да се истопи додека мешаме. Треба да се добие мазна течна смеса.
13. Откако колачот ќе се испече, го оставаме половина час да се излади, а потоа го премачкуваме со избраниот мармалад и го преливаме со претходно готовата глазура.
14. Сечеме и послужуваме. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови