Чашата е од 200 мл. Од оваа смеса јас добив 6 лепчиња како овие на сликата.
1. Сувите состојки се мешаат во длабок сад.
2. Се додава маста, а врз неа полека се налева топлата вода, по потреба додека да се добие густа еднаква смеса.
3. Се меша полека се со дрвена лажица.
4. Оваа смеса се остава да одстои на собна температура 3-4 часа.
5. Потоа се додаваат содата и пецивото, а врз нив се налева лимоновиот сок.
6. Убаво се меша се повторно, со влажни раце се формираат лепчињата, се посипуваат со семки по желба. Се печат во намрсена тава, во загреана рерна на 200 степени, 25 – 30 минути.
7. Кога се печени, ќе распукаат одозгора и ќе добијат убава кафеава боја.
8. Нека се изладат убаво завиткани во крпа преку ноќ. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови