Уште еден интересен и вкусен рецепт за потокал (јафа) бомбици. Неодоливата комбинација на портокал и чоколадо, го прави овој рецепт многу вкусен и примамлив за секого.

Состојките се мешаат и убаво се месат. Потоа се прават убави мали бомбички. Се ставаат убаво да се замрзнат.

Чоколадото се топи и се прелева врз бомбиците со помош на лажичка.
На крај се ренда кора од портокал врз чоколадото и се оставаат да се оладат во фрижидер.

Прекрасни на вкус, лесни и декоративни. За мене јафа вкусот ми е инспирација за многу торти и колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови