Во редот на бајадери, еве уште една, јафа, со вкус на портокал.
За првиот дел, се става шеќерот и водата во тенџере на оган, и се вари на тивко додека шеќерот не се стопи. Се трга од оган и се додава прво маргаринот да се растопи, па чоколадото. Кога се веќе и двете растопени, се додаваат бисквитите, се меша да се соедини убаво и се истура во калап обложен со најлонска фолија.
Се става во фрижидер да се стегне.
Се подготвува другиот дел. Шеќерот заедно со водата и ренданиот портокал се вари на тивко околу 5-6 минути. Се трга на страна и се додава маргаринот, се меша да се растопи, па се додаваат оревите и бисквити. Се истура во калапот, врз првиот слој. Се остава и овој слој да се стегне, па се прелева со глазурата.
Уживајте!
Забелешка - Може да се додаде уште некоја лажица плус мелени ореви/бисквити во двата дела, прилично е мека. Ако сакате по суви вакви слатки, слободно додајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови