Срцето, белиот и црниот џигер исецкајте ги ситно.
Кромидот и лукот исецкајте ги ситно и динстајте ги на оган во длабока тава. Кога ќе омекнат додадете ги џигерот и срцето, посолете по вкус, а потоа додадете го црвениот пипер и поклопете со капак да се динста.
Оризот ставете го во сад заедно со коцката за супа и путеро. Кога ќе почне да врие исклучете ја ринглата ставете капак и оставете да стои додека се динстаат срцето и џигерот.
Кога ќе биде се готово се мешаат оризот и срцето и џигерот.
Марамицата исечете ја на парчиња на секое парче марамица ставете од оризот со срце и џигер и замоткајте.
Готовите сарми наредете ги во тава со масло и печете на 200 степени околу 1 час

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови