Во вангличка ги ставаме јајцето и шеќерот и со вилушка ги соединуваме.
Додаваме омекнат путер, некое зрно сол, пециво и брашно.
Замесуваме мазно и не лепливо тесто.
Ако има потреба додаваме и ладно млеко.
Го завиткуваме тестото во фолија и го оставаме во фрижидер додека го подготвуваме јаболковиот фил
Во тава ставаме путер и ги додаваме ренданите јаболка.
Пржиме од 5-7 минути, односно да испари течноста од јаболката.
Тргаме од оган и додаваме мед, цимет, морско оревче и гриз.
Промешуваме и оставаме смесата да се подизлади.
Од тестото сучиме правоаголна кора со големина на тавата каде ќе печиме.
Го постаавуваме во тавата тестото, а врз него го ставаме јаболковиот фил.
Израмнуваме.
Печиме околу 30 миниути на 200 с.
Оставаме малку колачот да се излади, па сечеме на коцки и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани