Варијација на познатото ѕаѕики кое може да се послужи како салата или како сос.
Според мене ова е најдобиот начин за подготовка на ѕаѕики.
Прво краставицата се лупи и се ренда. Се остава да пушти сок и се цеди.
Нането ситно се сецка и се додава во краставицата. Исто така и лукчето.
Додаваме маслиново масло и околу половина лажичка копар и посолуваме според вкусот.
Ја додаваме павлаката или јогуртот и се убаво мешаме.
Оставаме во фрижидер најмалку еден час да се спојат вкусовите и послужуваме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови