Краставицата излупете ја и изрендајте ја. Посолете ја со сол и оставете ја да постои да пушти вода. Потоа исцедете ја водата.
Нането ситно исецкајте го, а лукот протиснете го низ преса или и него ситно исецкајте го и додајте ги во краставицата.
Додајте ги маслото, киселината, павлаката и се заедно измешајте.
Готовиот сос покријте го со проѕирна фолија или ставете го во кутија со капак и оставете го во фрижидер да се разлади и спојат вкусовите.
Класичниот ѕаѕики сос збогатен со малку нане има ароматичен и освежителен вкус. Се надевам ќе ви се допадне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани