Од сите сосотојки се замесува тесто, доколку е премногу суво додадете уште една лажица млеко.
Рассукајте го во два дискови и ставете го завиткано во фолија да стои во фрижидер најмалку 2 часа.
Набрашнете ја убаво работната површина, и расукајте го тестото со дебелина околу 1/2 цм Па вадете форми со калапчиња. Доколку има потреба и калапчињата набрашнувајте ги, за да не ви се лепи тестото.
Ставете ги формите на плех обложен со хартија за печње и печете во загреана рерна околу 10 минути на 170 степени.

Совет - иако тестото релативно добро ја задржува формата, сепак за да добиете 3Д колачи, уште додека се жешки колачите израмнете ги деловите кои треба да се поврзат и исечете нешто што е вишок. Додека се жешки, штотуку извадени од рерна, се меки и лесно може да се пресечат, без опасност дека ќе се скршат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови