Ова е една убава вкусна верзија на чоколадни чајни колачи, во комбинација со ѓумбир. Ѓумбирот многу добро се вклопи со чоколадото со портокал и дури повеќе ја нагласи нивната комбинација.

1. Изматете го путерот со шеќерот. Потоа додадете го јајцето.
2. Кон нив додадете го брашното и пецивото, како и ѓумбирот и солта.
3. Ставете на работна површина и замесете го тестото.
4. Кон него додадете го ситно сецканото чоколадо. Се убаво соединете и оставете го тестото да се олади во фрижидер, околу половина час.
5. Од тестото вадете топчиња, со големина на орев, направете бомбица и потоа на тавата за печење, обложена со харттија, само нежно притиснете.
Оставајте простор меѓу колачињата, за да можат да нараснат.
6. Се печат во загреана рерна на 180 степени, макс 10 мин.
Кога ќе ги вадите од тава ќе бидат меки, но оставете ги малце да се изладат и веднаш ќе се здрват.

Овој прекрасен спој на состојки споени во колачи, ќе ви биде вистинско уживање со топол чај или кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови