Овој рецепт, скоро го видов кај една пријателка од инстаграм. Веднаш почнав да истражувам по интернет, затоа што за мене ова беше необична салата. Во Украина, оригиналниот рецепт е со харинга, но јас наместо тоа, ставив туна, а гледав и рецепти баш со такви комбинации. Интересно е што, за оваа салата се користи само зеленчук кој расте во земја.
Најпрво, компирот, морковот, јајцата и цвеклото се варат.
- Во еден сад прво, најдоле се ренда компирот и се зачинува по вкус
- Се мачка мајонез
- Се тура од туната и малку сецкани перца
- Се ренда јајцето и се зачинува по вкус
- Се мачка мајонез
- Се тура од туната и малку сецкани перца
- Се ренда морковот и се зачинува по вкус, се премачкува со мајонез,
- Се истура преостанатата туна и перца (доколку ви останале)
- Најгоре се ренда цвеклото, се зачинува и пак се премачкува со мајонез.

Салатата се остава да се излади и да се спојат вкусовите.
Брза и вкусна салатичка, за сите оние што сакаат да пробат нови вкусови, топло ја препорачувам.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови