За филот се рендаат јаболката, се попрскуваат со лимонов сок, им се додаваат сите состојки, убаво се меша.

Во топлата вода се активира квасецот со шеќерот и брашното и после се додава маслото. Се промешува.

Секоја кора се премачкува од преливот. Се става една кора, се премачкува, се става втора кора се премачкува. На почетокот се става од филот, се рола.

Се реди во плех обложен со намрсена хартија.

Одозгора се премачкува со преливот, но не претерано, да не се распаднат многу корите.

Се печи во загреана рерна на 180 околу 40-45 мин..

Топла се наросува до шеќер во прав.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани