Превкусна штрудла која се топи во уста. Пробајте ја...
Прво се подготвува филот така што овошјето се става во тенџере и се додаваат шеќерот, нишестето, циметот и малку вода.
Се заедно се вари со постојано мешање и одкако ќе зоврие се вари уште една минута. Филот се остава да се олади.
Лиснатото тесто го сучиме во правоаголна кора, го нанесуваме филот и виткаме ролат. Ролатот со четка го премачкуваме со млеко и печеме во плех покриен со хартија.
Штрудлата се пече во загреана рерна на 190 степени околу 25 минути(додека не зацрвени).
Печената штрудла ја ја прелеваме со преливот од шеќер во прав со вода и ја наросуваме со ливчиња бадем.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови