Еве го и мојот рецепт од овој специјалитет кој се прави често во мојот роден град Штип.
И во домашна верзија може да се приготви само ако се има волја, желба и многу љубов.
Најпрво одвечер се приготвува свинското месо.Се сечи на ситни коцки и се зачинува со сол,бибер и црвена пипер.Се остава да преноќи за да се впијат сите зачини. Може вие да го приготвите и истиот ден само нека постои месото 2 часа со зачините.
Другиот ден се замесува тестото директно без стасување на квасецот.
Од ова тесто излегуваат 4 пастрмајлии средни или 3 големи. Се дели тестото на 3-4 топки и се остава да одмори. Потоа се прави длабнатинка со прстите од средината на тестото кон нанадвор. Се тегни тестото како чун и се остава на тепсија која претходно е посипана со брашно (нема масло). Се реди исечканото тесто и се става 2 лажици свинска маст. Се печи во загреана рерна на 250 С-35мин додека да зарумени. Потоа се вади тепсијата и се премачкуваат ивиците-страниците од пастрмајлијата одоколу со маст и пак се враќа да се допечи уште 5мин и се исклучува рерната. Се покриваат пастрмајлиите со филија и платнена крпа да постои 15мин. И што да ви кажам УЖИВАЈТЕ!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани