Подготовката на овие штангли е многу брза и едноставна. Се мешаат сувите состојки, па се додава медот и млекото и брзо се меша до изедначување на смесата, која исто така без многу чекање се распоредува во сад 25х20, убаво се израмнува и се остава кратко во фрижидер да се достегни.

Се топи чоколадото со маргаринот и маслото и се премачкува врз колачот. По желба можи да се исшара и со бело чоколадо, но јас решив да поросам дробени кикирики кои не стигнаа да се залепат од што брзо ми се здрви глазурата.

Откако ќе се здрви добро глазурата, се сечат мали штанглички и се служат во хартиени корпиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани