Најпрво обландата ја сечеме на 8 ленти со димензии 27 долги 6 широки. Ги поделувме на две места по четири.

Потоа го растопуваме локумот.

На многу тивок оган во сад го сечкаме локумот од ванила и додаваме 200мл. млеко па го оставаме да се растопи со постојано мешање со лажица.

Откако ќе се растопи локумот од ванила, а ист начин го растопуваме и локумот од ружа само на него му додаваме 180мл млеко.

Кога веќе се растопени и спремни локумите почнуваме со филување на штанглите.

На една подлога за торта (колачи)... ставаме една лента од исечената обланда и врз неа мачкаме од локумот од ванила, врз него ја ставаме втората лента обланда, мачкаме од локумот од ружа, ја ставаме третата лента обланда и повторно мачкаме од локумот од ванила и на крај врз локумот од ванила ставаме повторно лист обланда. На ист начин ги филуваме и другите четири ленти обланда.

Од оваа количина излегуваат две штангли од кои се сечат мали штанглички (или по желба),доколку сакате може да се валкаат во кокос.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови