- Тиквичките исечете ги на помали парчиња и сосема кратко пропржете на маслиновото масло. Додадете го лукот, магдоносот,  размешајте и нека се пржи се заедно околу 1 минута по што ќе ја додадете павлаката, пробркајте - оставете некоја минутка на огнот. Додадете ги останатите состојки солта, куркуата и сосема на крај босилекот и мајчината душичка. Тргнете од огнот.
- Шпецлите сварете ги, добро исцедете, вратете на огнот додавајки им путер и кратко пропржете ги. Залијте со сосот, послужете.
- Не знам дали има куповни шпецли, јас си ги правам по рецептот кој овде го имам поставено.
- Кој не го сака босилекот или некој од зачинките - изоставете.
- Наместо шпецли - одговара било која тестенина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани