Оваа пита се нарекува царска или шпанска пита. Мене многу ми се допаѓа заради нејзиниот богат и раскошен вкус.

1. Јајцата изматете ги со сол. Потоа додадете ги течните состојки и матете со маталка.
2. Во друг сад измешајте ги сувите состојки и полека додадете ги кон течните.
3. Откако ќе се спои смесата, додадете сирење, млечен намаз и кајмак и се убаво измешајте.
4. Потоа додадете ги и куленот и киселите краставички, исецкани на ситни коцки.
5. Тавчете премачкајте го со путер и распределете ја смесата.
6. Врз неа обилно наросете сусам и сончоглед и ставаете ја да се пече на 200 степени, околу 20-35 мин.
7. Исечете ја питата на коцки и послужете ја со кисело млеко, јогурт или матеница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови