Во касерола ја стаавме тестенината да се вари.
Ја процедуваме и ја сервираме во два сада.
Врз неа ставаме коцки запржено чадено месо( панцета,сланина....)
Нанесуваме од подготвеното песто и дополнуваме со резанки варено јајце, диви љубичици, капари.....
Додека се вареше тестенина се подготвува пестото.
Во нутрибулет се ставаат руколата, солтта, биберот, маслиновото масло, пармезанот, лешниците.
Пулсираме за смесата да се изедначи и да биде мазна.
Тука јас додадов и една лажица течност каде се вареа шпагетите.
Брз, вкусен ручек беше....Ви го препорачувам за некој пролетен ден да го подготвите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани