Во една касерола ставаме вода и ги додаваме шпагетите да се варат (кај мене тестенина бр.6)
Во друга касерола ставаме масло, ситно сецкан кромид и запржуваме.
Го додаваме и чешнето лук, само колку да пушти мирис, па може и да го одстраниме.
Го додаваме доматното пире, лупените и изблендирани капија пиперки (јас ги мелев во нутрибулет)
Пржиме кратко, некоја минута, додаваме зачини, чили, магдонос и тргаме од оган.
Додаваме и една лажица мелен орев.
Соединуваме.
Сварената тестенина добро ја процедуваме,  ја додаваме во касеролата кај пестото, соединуваме.
Сервираме во тајнир, наросуваме пармезан и уште малку сецкан магдонос и послужуваме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани