Прво ги вариме шпагетите според упатството на кесичката.
Сос
Сецканите домати ги запржуваме на маслиново масло заедно со сецканиот морков и боранијата исечена на долгнавести парчиња. Кога е испржен зеленчукот додаваме една лажица доматен сос и оставаме околу 2-3 минути да се динста на тивок оган.
Потоа ги додаваме црвениот грав и пченката. Зачинуваме со сол, половина лажичка чили во прав и мелен црн бибер. Ја додаваме туната и оставаме околу 2 минути се заедно да динста.
Ги сервираме шпагетите во чинија обилно ги полеваме со сосот и наросуваме со пармезан.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови