Кога немате многу време, а сакате да имате вкусен оброк,тогаш прочитајте го овој мој рецепт.
Многу вкусен и брз.
Често ги јадеме кај Кинезите, па решивме и дома да си ги приготвиме.
Да си го одомаќиниме овој рецепт.
Еве како се приготвува.
Во вок тава на масло се пржи прво јајцето.
Потоа во него се додава младото кромитче кое претходно сме го измиле и ситно исецкале.
Морковот треба да е исецкан на тенки ленти. Го додаваме во тавата и пржиме околу 2-3 минутки на тивко.
Пилешкиот стек го сецкаме на коцки, па ги додаваме во тавата и зачинуваме.
Пржиме додека не се испржи стекчето.
Шпагетите ги вариме во посолена вода.
Кога се готови ги цедиме и ги додаваме во тавата.
Го додаваме соја сосот.
Пржиме уште 3-4 минути и тргаме од оган.
Служиме топло.
Ова е еден од рецептите кои ќерка ми Сара често ми го приготвува.
Вкусно,лесно,брзо.
Пробајте, на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови