Во касерола на оган ставаме вода да се загрее.
Од кога ќе почне да врие ги додаваме шпагетите и вариме да бидат ал денте сварени,
Во друга касерола на оган ставаме масло, додаваме на листови сецкани шампињони.
Кога ќе испари нивниот сок ја додаваме панцетата кратко да се запржи, да пушти мирис.
Го додаваме исчистениот, исецкан спанаќ да омекни.
Зачинуваме со сол и бибер.
Ја додаваме и павлаката за готвење и оставаме убаво да се спои.
Го додаваме и сецканиот кашкавал.Го исклучуваме шпоретот.
Внимателно во веќе подготвениот сос ги додаваме процедените шпагети.
Промешуваме и сервираме топло.
Декорираме со коцки црвен домат, да дадат малку свежина на јадењето и ливчиња босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани