Еве еден рецепт во кој користам дел од домашно подготвената зимница, конкретно домати пелати.

Подготовка

Најпрво ги ставаме да се варат шпагетите според упатството на кесичката.
1. Кромидот го сечкаме на ситни парченца и го упржуваме на масло на средна температура, да ни застакли.
2. Ја додаваме туната од конзерва, без маслото во кое стоела и кратко упржуваме.
3. Ги додаваме пелатите, упржуваме. За време на пржењето тие почнуваат да се распаѓаат, ама јас дополнително земам рачен блендер и целата смеса кратко ја блендирам.
4. Кога ќе испари водата до посакуваната густина, ставаме сечкан магдонос и зачините, уште малку го оставаме сосот да се вари за да ги прими зачините
5. Сервирајте топло.

Забелешка
Чили ставаме по вкус, односно до мерка која сакаме да ни биде лут сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани