Во далабок сад го ставаме оризот кој треба добро да е изладен и да не е течен. Водата во кој е варен да е добро испарена. Во оризот ја додаваме и туната добро исцедена од маслото и згмечена во вилушна на поситни парчиња.
Ставаме сол и зачини сецканото лукче и магданос. Го додаваме јајцето и брашнот. Мешаме да се соединат состојките.
Земаме тава во која ставаме масло, но не многу. Kога ќе се загрее маслото, со лажица вадиме од смесата за плескавици и ставаме во тавата. Кога добро ќе се испржи од едната страна ја превртуваме и пржиме од другата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови