Во сад ги ставаме шкампите и ги поливаме со вода колку да се покријат.
Наросуваме сол 1/2 мало лажиче и попрскуваме малку маслиново масло.
Оставаме така да повријат 5 минути.
(значи 5 минути откако ќе вријат убаво)
Ги цедиме од водата и оставаме во цедилка да стојат уште 10мин да се исцеди убаво водата од нив.
На страна во тавче пржиме лук и кромид во маслиново масло.
Откако ќе ја добијат таа стаклеста боја ги ставаме шкампите во тавата и пржиме на тивко.
Ги превртуваме од двете страни,па откако се добро пржени,во истата тава полеваме и 100 мл бело вино.
Откако ќе прокрчка, додаваме и 250 мл неутрална павлака.

Зачинуваме со сол и црн бибер по вкус.
Наросуваме сецкан магдонос.
Во фолија еден по еден ги виткаме компирите и ги посолуваме.
Може да ставите јадра сол на фолијата,па да го ставите компирот нелупен.
Завиткајте ја фолијата околу компирот и оставете во рерната да се пече na 200 степени.
Готовиот компир, излупете го,раскршете го па врз него ставете од шкампите и сосот.
Нека вие слатко.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови