Шеќерпарето е колач кој потсетува на детството, кој буди пријатни спомени.
Најпрво сварете го шербетот, ставете ги сите состојки и нека вари 6-7 минути. Оставете го да олади.
За тестото, ставете ги сите состојки освен јогуртот, почнете да месите и на крајот со помош на јогуртот домесете го тестото. Поделете го на парчиња, моите беа отприлика по 40 грама. Секое парче оформете го во топче и со дланката притиснете го врз рендето, да се познаваат шари одозгора.
Редете ги врз плех прекриен со хартија, одозгора втиснете јатка орев, премачкајте ги со јајце и испечете ги во загреана рерна на 200 степени, отприлика петнаесетина минути, да заруменат.
Уште врели прелијте ги со ладниот шербет.
Уживајте со кафе или чај, одлични се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови