Највкусно блакце од овој вид кој сум го пробала до сега. Топло ви го препорачувам.

Се растопува путерот или маргаринот убаво да се вжешти. Се трга од оган и се остава да излади, да биде млак.
Тогаш се додаваат жолчките и јајцето, ванилата, солцата, прстофатот шеќер, се меша со лажица, па се додаваат лешниците, брашното со пецивото и се меси убаво средно тесто. Брашното се додава постепено, значи колку ќе прими водената смеса. Кога убаво е измесено, се прават топчиња со сакана големина.
Се редат во тава бр.30.Од оваа доза не излегуваат многу, од 14-16.
Одозгора им се прави некаква шара.
Се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 степени, додека убаво поруменат, околу 30 мин..

Се приготвува шербетот.
Водата, шеќерот и ванилата се варат, откако ќе зовријат се намалива јачината на ринглата и се продолжува со варење додека шербетот ја добие потребната густина.
*Доколку сакате поблаго, водата може да се намали на 500 мл. и ќе се вари пократко.
Готовиот шербет се остава да одмори 5-10 мин., значи да биде топол.
А, колачињата одма штом се извадата од рерна, значи жешки се залеваат со топлиот шербет. Не се покриваат, се оставаат убаво да изладат, најдобро преку ноќ и се послужуваат.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани