Белките и 150 гр шеќер се матат во цврста пена.
Жолчките, 100 гр шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер се матат пенасто, па постепено се додава зејтинот.
Брашното, какаото и пецивото се просејуваат во смесата со жолчките, се додава смесата со белки и полека се меша со лажица или шпатула за да не се изгуби воздухот од пената. Тестото се излева во калап 26-ка или тавата од шпортетот и се пече цца.40 мин на 180 С. Оладеното тесто се дели на 3 кори.
Фил 1 - Се загрева слатката павлака и во неа се додава чоколадото за да се стопи.
Оладената смеса се мати цврсто со миксер.
Фил 2 - Слатката павлака цврсто се мати со ракија, ванилин шеќер и шеќер во прав.
Филување - Најдолната кора се попрскува со сокот од вишните, над него се редат
вишните и фил 1(темниот фил). Се става втората кора, се попрскува со
сок од вишни и се става фил 2(белиот фил). На крај се покрива со
последното тесто.
Тортата се остава во фрижидер за да се стегне, па потоа се декорира по желба.

На здравје десерт!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани