Комбинацијата на вишна со чоколадо секогаш ме воодушевувала, па затоа и оваа торта ми е една од омилените. Овој пат си ја направив во комбинација од мус крем, со тестото од Шварцвалд торта и си добив уште побогата комбинација.

1. Прво стоплете 300 мл слатка павлака и прелијте ја врз ситно сецканото чоколадо. Мешајте додека да се растопи и соедини смесата и оставете ја да се излади.
2. Потоа почнете со подготовка на тестото. Вклучете ја рерната на 180 степени, да се загрее додека да го подготвите тестото.
Изматете го пенасто маргаринот со шеќерот и пополека едно по едно додадете ги јајцата.
3. Потоа во тенок млаз ставете го раствореното инстант кафе и мешајте додека убаво да се соедини.
4. Сите суви состојки спојте ги во еден сад и низ сито поминете ги врз течната смеса, за да нема грутчиња, бидејќи е поголема количината на какао.
5. Се убаво соединте со мешалка и истурете ја смесата да се пече во делимано садот за колачи, 30х20см. Врз смесата распределети го вишните и благо притиснете ги во тестото или најубаво само нежно протресете и тие ќе навлезат навнатре. Се пече околу 20тина мин, на 180 степени.
6. Изматете ја преостанатата слатка павлака, со шеќерот во прав. Не треба да биде цврст шлагот, треба само да се згусне во пена.
7. Желатинот подгответе го според упатството и додадете го во слатката павлака, во тенок млаз, со постојано матење.
7. Во изладениот чоколаден ганаж, лажица по лажица се додава од изматената слатка павлака и со лесни движења се меша кремот. Не мешајте предолго и мешајте само во една насока, за да ви остане воздушест кремот.
8. Во длабог сад измешајте го преливот за бисквитот и со него прелијте врз млакото тесто. Гледајте насекаде да распределите од течноста. Оставете малце да упие.
9. Извадете го тестото од тавата и ставете го на сад за послужување. Потоа рамномерно распределете го филот.
10. Исечете коцки со големина по избор или уште подобро, ако веќе ја имате делимано тавата за колачи, која има во себе разделувачи, печете го така колачот и коцките ќе ви бидат веќе исечени. Ако не, во тој случај исечете 15-18 коцки или ако сакате помали, тогаш може и 24. Ваш е изборот!
11. Секоја коцка се украсува со изматена слатка павлака или со шлаг крем и се украсува со бисерче.
Можете ако сакате да украсите и со кандирани вишни и со струготини од чоколадо. Крајниот ефект е секогаш оставен според ваша инспирација!

Оваа рецепта доколку се решите да ја подготвите како торта, можете да ја печете во округла тава бр. 26, макс 28 и ќе добиете одлична богата торта!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови