Ова се мати редоследно како што се наведени состојките, прво жолчките и јајцето со шеќерот и ванилата, па се додава врелата вода, маслото и на крај брашното.
Се дели на два дела, во едниот се додава рендана кора од лимон, а во другиот 2 кафени лажичиња просеано какао.

Се излева во намрсен куглоф, прво жолтата смеса, се пече во загреана рерна 7 минути на 220 степени.
Се излева врз запечениот прв дел, кафеавата смеса и се пече 12 минути на 150 степени.

За тоа време се подготвува третиот дел.
Се матат белките со сол и шеќер, па се додаваат останатите состојки.
Се излева врз запечениот кафеав дел и се продолжува со печење уште 30 мин. на 150 степени.
После печење се остава малку да одмори во модлата и се вади од неа.

Кога е изладен се посипува со шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани