Прво во еден сад ги соединуваме брашното и пецивото.
Потоа во друг сад ги соединуваме шунката, кашкавалот, блитвата, пиперката.
Сега ги матиме јајцата со сол.
Потоа постепено ги додаваме течните состојки, јогурт, млеко, масло, павлака.
Ги додаваме и брашното, пецивото и сецканите шунка, кашкавал, пиперка, блитва.
Сето убаво со шпатула го промешуваме.
Ја ставаме смесата во калапи за мафини( излегуваат околу 15 парчиња) и печиме на 200 степени околу 20 минути.
Сервираме со јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани