Ова е паста на мој начин. Сосот го правам во комбинација со макарони или шпагети. Овој пат се решив за шарени макарони и истите во оваа комбинација излегоа многу вкусни. Шарените макарони, сами по себе имаат вкусови во тестото.
Најпрво, сварете ги макарони во солена и зовриена вода. Кога се готови, исцедете ги, јас не ги плакнам под ладна вода, туку им додавам три лажици маслиново масло, ги промешувам и оставам да се изладат. Со маслиново масло, некако макароните ми се повкусни, а и така нема во целост да го примаат сосот, па брзо да се исушат.
За сосот, на загреано маслиново масло пропржете го чешнето лук, па додајте ја сланината. Нека зарумени малку, па додајте ги печурките. Откако и печурките ќе се запржат, додајте ја шунката и се заедно, испржете добро. На крај додајте ја павлаката заа готвење, па оставете сосот да поврие. Пред да го извадите сосот, во него додајте го ренданиот кашкавал и оставете уште малку да се прокрчка и згусни. Јас додадов многу малку сув зачин, мелен бибер и сув магдонос. Измешајте го сосот со макароните и јадете го топло сервирано!
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови