Ароматични, вкусни, шарени, интересни и за око привлечни се крофните во кои децата, па и возрасните уживаа во секој момент.
1. Се става во сад квасец, шеќер, малку млеко и 1 лајче брашно да стаса.
2. Кога е стасан квасецот се става млекото, стопениот маргарин, шеќерот, кората од лимон, ванилата и брашното. Се меси убаво и се остава 30 мин да стаса.
3. Кога ќе е стасано тестото се сучи кора со дебелина од 1 см, се сечат кругови со чаша и со прстот се притиска навнатре да се направи отвор.
4. Пак се оставаат крофните да надојдат.
5. Се зема во длабоко тенџере се става масло и се пржат на умерена температура.
6. Кога доволно ќе оладат се глазираат по желба. Може само и со шеќер во прав и така се превкусни. Убава арома имаат од лимонот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани