Морковот исечкајте го на мали коцки и сварете го. Јас наместо грашак од конзерва користев замрзнат грашак со беби моркови, па тоа сето заедно го сварив.

Во тавата на путерот или маслото ставете да се запржи кратко кромидот и тиквичката исечкана на ситни коцки. За брзо додајте ги и доматите исто така исечкани на коцки и пржете малку подолго додека се згусти течноста. Пред крај додадете ги грашакот и магдоносот, посолете и зачинете.

Тргнете од рингла и сето ова прелијте го со јајцата претходно разматени со малку сол, па ставете го да се печи во рерна на 220С.

За нецели 10 минути отворете и одозгора ставете купчиња од павлаката со помош на лажица и меѓу нив со ленти или парчиња шунка или друго сувомеснато што имате и сакате, па вратете во рерна да се допечи додека краевите малку се одделат од тавата.

Кога малку ќе подолади, се сечи на парчиња и се служи топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови