Во сад за матење ставаме брашно, шеќер, путер и матиме.
Додаваме млеко, пециво, екстратите и наросуваме сол.
Кршиме јајца и ги додаваме белките.
Матиме тесто, малку дебело, тешко.
Калапот за печење го намастуваме или пак ставаме хартија за печење.
Го префрламе добро со шпатула, па ставаме да се пече.
Откако е печено го ослободуваме од калапот и оставаме да се излади добро.

Филот го спремаме на овој начин:
Млекото и шеќерот се ставаат да се вжештат.
Се одзема мал дел од млекото и се разматува брашното, па како пудинг се додава во вжештеното млеко.
Семеша убаво да почне да се згуснува. Се трга настрана и се остава да излади,па се помешува со маргаринот и ванилата.

Откако се е ладно и пандишпанот и кремот,се почнува постапката на соединување.
Пандишпанот се кине на јадри парчиња.
Се додава кинат марципан на поситни парчиња,па се така се меша на куп.
Се додава помалку од кремот и благо се замесува да се соедини.
Се формира во калап или дирекно на чинија.
Се премачкува со слатка павлака или шлаг крем и се декорира со свежо овошје.
Јас одбрав да се рибизли.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови