Во касерола се налива вода во која се додава малку сол.
Кога ќе почне да врие се додава тестенината, во мојот случај машнички-фарфали.
Кога поминале 2-3 минути ги додаваме стапчињата морков и пашканат да се варат заедно со тестенината.Ништо повеќе од 8-9 минути.
Кога се готови ги истураме во гергев и оставаме убаво да се исцедат.
Листовите марула ситно ги сецкаме.
Го сецкаме кромидот, маслинките, беби саламата....
Врз зелената салата ги ставаме тестенините, кромидот, листовите магдонос и целер, маслинките.Додаваме сол и бибер по вкус.Сето убаво го соединуваме.
Промешуваме.Попрскуваме со пеперончиното, може и малку пообилно за пикантен вкус.
Сега наросуваме пармезан.
Во еден сад ги спојуваме јогуртот, мајонезот, киселата павлака и ренданиот свеж корен целер.Тука јас додадов мешавина на италијански зачини.
Со овој прелив ја преливаме пастата и сервираме.
Уживаме со чаша бело вино.
Наместо овој прелив може да се користи готов италијански прелив за салати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани