Прелистувајќи по разните списанија доаѓав до многу рецепти за познатите чурос.
Сум пробала неколку, но ниту едни не ми биле ниту близу до вистинските.
Случајно, кога ни најмалку очекував, дојдов до овој прекрасен едноставен рецепт, во кој го препознав вкусот што го барав.
Лесни и едноставни за подготовка.
Иако количините на состојки се малку, излегуваат доволно парченца.
Јас користев како калап, шприц за филување, затоа што на тој начин се постигнува реалната дебелина на чуросите.
Во садна оган ставете ја водата, путерот, шеќерот и солта и доведете до зовривање.
Тргнете од огнот и додадете го брашното.
Мешајте убаво да се соедини и вратете на оган на тивко и промешајте.
Смесата ќе се одлепи од садот па тогаш исклучете и тргнете го садот од оган.
Оставете да одмори 5 минути, а потоа додадете едно јајце.
Убаво соединете го со смесата, нека се замеси и тоа. Откако јајцето убаво се впи во тестото, додадете го и уште едното јајце.
Повторете ја постапката.
Треба да добиете убава леплива смеса.
Маслото ставете го да се вжешти, а калапот почнете да го полните со смесата.
Откако е врело маслото, ставајте да се пржат чуросите. Стскајте со калапот, а со ножица сечете онолку колку сакате да ви бидат долги.
Не им треба многу пржење. Штом ја сменат бојата превртувајте и вадете на кујнска хартија.
На страна во сад, помешајте ја бурбон ванилата, ванилата и обичниот шеќер. Јас ставив и прстофат цимет.
Пржените чуроси, валкајте ги во шеќерот нека се налепат добро.
Служете ги со чоколаден прелив.
Тоа е мојот избор за брз десерт.Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови