Белото пилешко месо се сече на коцки и на малку масло се запржува да добие убава румена боја.
Компирот се редна, морковот, кромидот и лукчето се сецкаат ситно
Од кога ќе се запржи месото се вади и во маслото се додава кромидот, потоа и морковот за да се запржи убаво.
Во кромидот и морковот се додава ренданиот компир и лукчето да се пропржат, се налева водата се додава претходно прженото месо и се остава да се вари на тивко околу 1 час.
При крај се додава спанаќот и се остава да врие уште 7-8 минути. Се зачинува по вкус.
Се служи со коцки запечен леб.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови