Една идеја за лесна, вкусна чорба, додека сеуште има црвени пиперки на пазарите.

Подготовка
1. За да ја подготвите чорбата, најпрво на масло се запржуваат кромидот и лукот кратко време само да овенат. Се додаваат пиперките, претходно испечени, излупени и исечкани, доматите исецкани, сол и бибер и се готви заедно околу 5 мин да се поврзе.
2. Потоа се пасира и се додава зеленчуковата супа или вода во зависност од тоа колку сакате да ви биде густината на чорбата. Се дотерува вкусот со зачини и се остава да проврие.
3. За крутоните, лебот се сече на коцки, се меша со масло, сол, мајчина душица и се пече во рерна 15мин на 180Ц да добие боја.
4. Се служи по вкус со кисела павлака, песто, сецкано луто пиперче, се посипува маслиново масло, свежо мелен бибер и крутони.
5. Чорбата е едноставна за подготовка, меѓутоа додатоците во послужувањето и даваат прекрасен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани