
1
сеп
2018
Чорба со домати и компир
Предлог за многу вкусна чорба
На загреано масло ги пропржуваме ситно сецканиот кромид и ренданиот морков.
Ги додаваме лупените, рендани домати и ситно сецканото стапче целер.
Пржиме додека не испари течноста од зеленчукот.
Налеваме вода, додаваме зачини, додаваме на коцки сецкан компир и вариме околу 10 минути.
Потоа додаваме фиде и вариме уште некоја минута,
На крај посипуваме со свеж сецкан магдонос.
Послужуваме топла зеленчукова чорба.
Лиценца: Сите права се задржани